Новости

Фудбал

Реал Мадрид со триумф ја почна новата сезона во Ла Лига

Реал Мадрид ја почна новата сезона без својата поранешна ѕвезда Кристијано Роналдо, кој се пресели во Јувентус, но ниту тоа не ги спречи да го поразат Гетафе (2-0).

„Кралевите“ притискаа од самиот почеток на натпреварот и целосно доминираа, а до првиот гол стигнаа во 20. минута преку Дани Карвахал.

Во второто полувреме, Реа Мадрид продолжи со одличната игра, а до својот втор гол „кралскиот клуб“ стигна во 51. минута преку Герет Бејл.

До крајот на средбата, Реал имаше уште неколку шанси, но мрежите останаа да мируваат.

 

 

 

 

 

Извор: Спорт 1

Евротип
SNBROKER
To Top