Новости

Фудбал

Реал Мадрид „украде“ суперталентиран фудбалер од Сити

Реал Мадрид пред неколку недели покажа интерес за една од најголемите надежи на шпанскиот фудбал, Брахим Дијаз, кој наскоро ќе се пресели во Шпанија.

Реал ќе го плати 19-годишниот фудбалер 15 милиони евра, зашто Дијаз не сакаше да го продолжи договорот со „граѓаните“, па на крајот на сезоната ќе може да замине слободно во Мадрид. Инаку, Дијаз потпишал шестгодишен договор и ќе заработува три ипол милиони евра.

-„Во еден потег ќе остварам две желби – ќе се вратам во Шпанија со семејството и ќе потпишам за Реал“, пишува „Марка“ и открива детали меѓу европскиот шампион и момчето од Манчестер сити.

Ова е уште еден млад и талентиран фудбалер во редовите на Реал Мадрид, кој досега ги ангажираше Винисиус и Родриго, а претседателот Флорентино Перез планира да ја продолжи реконструкцијата.

Евротип
SNBROKER
To Top