Новости

Фудбал

Реал го потврди Солари за нов тренер и тоа со договор до 2021

Флорентино Перез и Реал Мадрид решија да му укажат доверба на Сантијаго Солари и да му дадат договор со трајност до 30. јуни 2021.

По отказот на Хулен Лопетеги, Сантијаго Солари го доби кормилото на првиот тим на „Кралевите“, но само на привремена основа.

Реал Мадрид имаше рок од две недели да одлучи за следниот чекор и откако Аргентинецот со четири победи на исто толку натпревари го забележа најдобриот старт во 116 годишната историја на клубот, Флорентино Перез реши да го задржи.

Очигледно првиот човек на Реал има голема доверба во младиот стратег, па му даде договор со трајност дури до 30. јуни 2021, спротивно на најавите дека тој ќе остане само до крајот на сезоната кога ќе биде идеално време за носење звучно име.

„Бордот на директори на Реал Мадрид денеска имаше средба и одлучи да го именува Сантијаго Солари за тренер со договор до 30. јуни 2021“ – гласеше известувањето.

Евротип
Евротип
To Top