Новости

Фудбал

Ребиќ ќе игра во Милан

Хрватскиот напаѓач на Ајнтрахт Франкфурт, Анте Ребиќ ќе премине на заем во составот на Милан, откако двата клуба се согласија за неговиот трансфер.

Договорот е за период од две и пол години, со опција да се купи играч од средниот ред вреден 25-30 милиони евра.

Спортскиот директор на Ајнтрахт, Фреди Бобиќ, објави дека 25-годишниот Хрват веќе бил во Милано и договорот ќе биде финализиран во наредните часови.

Ребиќ добро го познава фудбалот во Италија, бидејќи е поранешен играч на Фиорентина.

Како дел од договорот, во спротивна насока ќе замине Португалецот Андре Силва.

GOLD
To Top