Новости

Фудбал

Резултати од аутопсијата: Форензичарите ја открија точната причина за смртта на Сала

Емилијано Сала изминатава недела и официјално беше прогласен за починат откако излезе дека пронајденото безживотно тело во потонатиот авион е она на аргентинскиот напаѓач, а неколку дена по првичната објава на англиската полиција, денеска пристигна и соопштението од направената аутопсија.

Форензичарите го објавија сработеното до надлежните и во својот извештај наведуваат дека Емилијано бил идентификуван по неговите отпечатоци на прстите, а во соопштението се наведува и причината поради која настанала смртта кај фудбалерот. Патолошкиот извештај наведува на тоа дека Сала починал уште при самото приземјување на авионот во водата, бидејќи заработил тешки повреди на главата и градите од силината на ударот.

Што се однесува до испитувањето на авионската несреќа и како настанала истата, властите инфомираат дека истрата е моментално одложена поради лошите временски услови, а прогнозата е дека истата ќе биде завршена во период од шест до дванаесет месеци. Во меѓувреме, семејството на исчезнатиот пилот Ајботсон се обидува по сопствена иницијатива да ја продолжи потрагата по второто тело, а во хуманитарниот фонд повторно се вклучи Килијан Мбапе кој донираше 30 илјади фунти.

GOLD
To Top