Новости

Фудбал

Рибери објави дека го напушта Баерн Минхен

Франк Рибери го постигна третиот гол со кој Баерн Минхен вчера ја потврди победата против Хановер, натпревар по кој и самиот Французин конечно потврди дека ги брои последните денови како член на баварскиот гигант, клуб со кој успеа да ги освои сите можни титули во изминативе 12 години.

Искусното крило со тешко срце проговори дека пред него се емотивни проштални денови во Минхен, а во овој момент се уште не знае во кој клуб ќе игра наредната сезона.

– Прошталниот меч нема да биде воопшто лесен, но никогаш не смееме да заборавивме што остваривме заедно јас, Робен и Баерн Минхен. Немам конкретен план за наредната сезона, не сум сигурен каде ќе играм фудбал наредната година. Сигурно е само дека некаде ќе игра, но нема ништо конкретно со било кој клуб, – порача Рибери, изјава на која се надоврза и Румениге.

– Рибери и Роберн му овозможија на Баерн да ја има најуспешната декада во историјата. Баерн многу им должи на нив двајца и ќе им приреди незаборавен проштален меч, – нагласи Румениге.

GOLD
To Top