Новости

Фудбал

Роналдињо може да заигра во Малта

Фудбалската легенда Роналдињо може да ја продолжи својата кариера, објавија медиумите во Малта.

Триесет и девет годишниот Бразилец е во преговори со локалниот Биркиркара, а техничкиот директор на клубот Мајкл Валенсија додаде дека паралелно со тоа има разговори за привлекување на странски спонзор кој ќе плати за престојот на Бразилецот во Малта.

Клубот веќе се подготвува за мега трансфер и го печати неговото име на дресовите на тимот.

Братот на Роналдињо и негов поранешен агент Роберто ги потврди гласините за патување до Малта, но посочи дека тоа е за рекламни цели и учество во футсал турнир.

GOLD
To Top