Новости

Фудбал

Роналдо „го матираше“ Јуве

Реал Мадрид со едната нога е во полуфиналето на Лигата на шампионите и за тоа навивачите на „Лос бланкос“ мораат да му бидат благодарни на Кристијано Роналдо, кој повторно го покажа своето знаење и својата вредност откако со два гола го „матираше“ Јувентус сред Торино, а Реал си замина со 0:3 победа.

Јувентус одигра еден одличен натпревар и му недостасуваше малку среќа да стави два-три гола во мрежата на Кејлор Навас, меѓутоа, „кралскиот клуб“ си заминува во Шпанија со огромна предност благодарение на „магијата“ на Роналдо, кој веќе има 15 голови во Лигата на шампионите оваа сезона.

„Шокот“ беше направен уште во третата минута, кога по асистенцијата на Иско, Роналдо ја смести топката зад грбот на Буфон. Јувентус го крена нивото на играта и имаше неколку одлични шанси, како во 23. минута, кога само одличната реакција на Навас го спаси Реал.
Притисокот на Јуве продолжи и во второто полувреме, но Роналдо повторно стапи на сцена во 64. минута, со еден од најубавите голови кои ги постигнал во кариерата, кога со „ножички“ покажа зошто изјавата на Буфон дека има „бессони ноќи“ од Португалецот не беше смешна. Голот беше толку добар што дури и навивачите на Јуве му аплаудираа на Роналдо.
Евротип
SNBROKER
To Top