Новости

Фудбал

Роналдо и слободните удари!

Дали знаете кога последен пат Кристијано Роналдо има постигнато погодок од слободен удар?
Кристијано Роналдо во натпреварот од ЛШ синоќа против Лион ја продолжи својата серија катастрофално изведени слободни удари. Португалецот нема постигнато ниту еден погодок во последните 38 обиди. Статистиката вели дека тој го погодил живиот ѕид 24 пати, 11 пати бил запрен од страна на противничките голманите, двапати го промашил голот и еднаш погодил во оквирот на голот.


Верувале или не, последен пат кога тој погоди од слободен удар е на 16 декември 2017 година, и тоа на натпреварот од рамките на Светското клубско натпреварување против Бразилскиот тим на Гремио.
Но покрај ова, тој е најдобриот фудбалер на Јувентус со постигнати 21 погодоци оваа сезона, но можеби е најдобро е да ги препушти слободните удари на некој друг фудбалер.

GOLD
To Top