Новости

Фудбал

Роналдо не играше, навивачите бараат отштета за душевна болка

Јужнокорејската агенција Фаста ќе треба да плати висока отштета ако судот пресуди на нејзина штета откако група навивачи од оваа земја одлучија да ја тужат.

Причина е неиграњето на Кристијано Роналдо на ревијалниот натпревар меѓу Јувентус и Ол стар селекцијата на јужнокорејската лига. Во договорот меѓу двете страни стоело дека Португалецот треба да одигра најмалку 45 минути, но Маурицио Сари одлучи да го остави на клупа со образложение дека има повреда на мускулите.

Најголем дел од навивачите го скандираа неговото име, но во второто полувреме од револт почнаа да викаат Лионел Меси. Сега бараат да им се вратат парите од влезниците (52 евра) плус 760 евра како надокнада за душевна болка.

GOLD
To Top