Новости

Фудбал

Сала сам си го букирал летот во тип на авион што досега се уривал 160 пати

Управата на Кардиф му понудила, но Емилијано Сала одбил тие да му го организираат патувањето и сам го букирал летот со тип на авион кој досега се уривал 160 пати. За жал, сето тоа заврши трагично. Овој податок се појави откако експерти за авијација денеска објаснуваа дека типот на авион „Пајпер Малибу“ е исклучително ризичен и многу често имал несреќи. 55 од овие несреќи имале фатален крај за патниците и членовите на екипажот.

Експертите за авијација покрај ризичноста на типот на авионот, потенцираат и дека крајно спорна била одлуката за ноќен лет со едномоторен авион, и тоа преку вода во зимски услови.

За конкретниот авион со кој исчезна Сала потврдено е дека имал четири неуспешни обиди за полетување пред да тргне на кобното патување.

Авионот набрзо по полетувањето беше загубен од радарите и прогласен за исчезнат. Веќе втор ден британските спасувачки служби се обидуваат да го најдат. Официјален претставник на истрагата изјави дека нема надеж Сала да биде пронајден жив.

GOLD
To Top