Новости

Фудбал

„Седумката“ од Роналдо во Реал доби нов сопственик

Кристијано Роналдо со големи букви го запиша своето име во историјата на Реал Мадрид во изминативе девет сезони, а во ситуација кога неговото заминување предизвика многу реакции во шпанската престолнина, едно од најпоставуваните и досега неодговорени прашања беше она поврзано за тоа кој ќе го наследи неговиот дрес во првиот тим.

Дресот со број „седум“ има посебна историја во Реал и истиот го носеа легенди како Бутрагењо, Хуанито, Раул и последно Роналдо, а сега истиот ќе му припадне на најновото засилување на „кралскиот клуб“. Иако на почетокот на летото се велеше дека природен наследник на дресот со број „7“ треба да биде Марко Асенсио, сепак оваа одговорност ќе ја понесе повратникот во првиот тим, Маријано Диаз.

Шпанскиот напаѓач кој има потекло од Доминиканска Република вчера и официјално беше потврден како ново и последно засилување за Реал во летниот преоден рок, со што се затвори кругот, односно потрагата по напаѓач која траеше веќе извесно време.

Маријано ќе биде официјално претставен во домот на Реал во текот на утрешниот ден, а угледните „Марка“ и „Ас“ кои имаат инсајдерски информации од клубот тврдат дека ќе позира со дресот со број „7“.

Евротип
SNBROKER
To Top