Новости

Фудбал

Се огласи Несторовски за интересот од Црвена Звезда

Откако италијанските и српските медиуми пишуваат дека Илија Несторовски е блиску до трансфер во Црвена Звезда, се огласи самиот фудбалер кој истакна дека не сака да оди бесплатно, и дека посакува клубот да заработи.

„Не сум човек кој сака лесно да се откаже и да оди бесплатно. Сакам Палермо да добие добра понуда. Не го гледам сопствениот интерес, туку сакам да му помогнам на клубот“, изјави Несторовски.

Цената која Палермо ја одреди од 7 милиони евра е превисока за Црвена Звезда во моментов. Останува да се види дали двете страни ќе дојдат до договор.

GOLD
To Top