Новости

Фудбал

Се тресе столчето на Тони Пјулис

Раководството на Вест Бромвич е крајно незадоволно од резултатите на тимот во последните недели и размислува за разделба со менаџерот Тони Пјулис . Претстојниот меч со Челзи по паузата за репрезентативните средби може и да биде последен за искусниот менаџер на клупата на ВБА.

Под водство на Пјулис, Вест Бромвич победи на само еден од последните 20 натпревари во Премиер Лигата, што предизвика лавина незадоволство и кај фановите, кои побараа негово заминување уште викендов.

Од почетокот на сезоната, Вест Бромвич освои само 10 бода на 11 натпревари и е само чекор над зоната за испаѓање.

 

GOLD
To Top