Новости

Фудбал

Синиша Михајловиќ поради тешка болест ја завршува тренерската кариера – најавен прес во 16:30 часот

Утринава тажни вести дојдоа од Италија. Синиша Михајловиќ е тешко болен, но досега никој не напиша за која болест станува збор, но сите претпоставуваат. По тој повод сеуште тренерот на Болоња, за во 16:30 часот свика прес-конференција на која ќе објасни што и како понатаму. По тој повод од сите страни доаѓа поддршка до него. Еден од првите се јави Роберто Манчини, некогашен соиграч на Михајловиќ инаку актуелен селектор на Италија. Се јавија и Интер, Верона, познати фудбалски фаци, некогашни играчи и соиграчи на Михајловиќ.

GOLD
To Top