Новости

Фудбал

Солскјер на интересен начин ги мотивирал фудбалерите на Јунајтед

Јунајтед минатиот петок славеше против Арсенал во ФА Купот и тоа беше осмата победа по ред на „Црвените Ѓаволи“ откако за тренер беше назначен Оле Гунар Солскјер.

Норвежанецот прави чуда на клупата на Манчестер Јунајтед, а Немања Матиќ откри на кој начин Солскјер ги мотивирал играчите пред дуелот против „Топчиите“ во ФА Купот.

Имено, новиот тренер на Јунајтед на фудбалерите им пуштал видеа на кои биле прикажувани голови од контранапади против Арсенал.

„Беше и тој на видеата. Мислам дека добро се подготвивме за натпреварот. Ги анализиравме. Мислам дека секој човек во стручниот штаб заврши добра работа. Точно знаевме што да очекуваме. Знаевме што мора да направиме“, изјави Немања Матиќ.

GOLD
To Top