Новости

Фудбал

Спировски: Како што сме добри во клубовите, да бидеме и во репрезентацијата

Македонската А репрезентација ги одработува подготовките во пресред на квалификацискиот натпревар против Израел кој ќе го одиграме на гостински терен на 5. септември во Хаифа. Претпданево нашите репрезентативци го одработија тренингот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во убава и оптимистичка атмосфера.

Репрезентативците Езџан Алиоски и Стефан Спировски ги пренесоа размислувањата за текот на подготовките и очекувањата од пресметката против Израел.

„Сите ќе бидеме подготвени, а се надевам дека ќе имаме и малку повеќе среќа. Атмосферата во тимот е одлична, ако ја пренесеме формата и ефикасноста од настапите на клупски план, мислам дека ќе биде позитивно за нас во Израел. Наша задача во овие неколку денови е да го дадеме најдоброто од себе на тренинзите и да ги исполниме задачите кои ги бара од нас селекторот. За 90-те минути во Израел убеден сум дека секој што ќе добие шанса ќе даде максимум. Мислите ни се насочени единствено кон пресметката на 5-ти септември, чекор по чекор, подоцна за Албанија“, изјави новиот фудбалер на унгарски Ференцварош, Стефан Спировски.

Езџан Алиоски се надева дека гол-формата ќе ја продолжи и во репрезентативниот дрес. Крилниот напаѓач викендов постигна погодок во дресот на англиски Лидс.

„Јасно е дека не очекува тежок натпревар, но ние одиме на три бода. Во овој македонски тим има квалитет, младите фудбалери носат нова енергија и се надевам дека конечно и резултатски ќе поминеме добро. Сакам да постигнам гол, но на крајот тоа е помалку важно, најбитно е да победиме, сеедно кој ќе биде ефикасен“, вели Алиоски.

Евротип
Евротип
To Top