Новости

Фудбал

Спировски: Очекувам полн стадион и пеколна атмосфера за да стигнеме до победа

Македонскиот репрезентативен фудбалер за врска Стефан Спировски пред клучниот меч со Словенија во овие евроквалификации задутре вечер на Националната Арена „Тодор Проески“ посочи дека очекува полни трибини и пеколна атмосфера, која ќе им биде мотив повеќе за да се оствари зацртаната цел – победа за продолжување на битката за Евро 2020.

Македонија мора да ја победи Словенија, а Спировски посочува дека без оглед на проблемите со повредите, тој и неговите соиграчи ако го повторат настапот од Љубљана – може да победат.

„За Словенија очекувам да дојде 30.000 публика, да има пеколна атмосфера, а ние да дадеме сто отсто на теренот и се надевам дека така ќе оствариме победа и ќе продолжиме со оваа атмосфера во Полска. Во Љубљана бевме одлични, ако одиграме ист натпревар и некои слабости ги поправиме, ќе бидеме блиску до победа на домашен терен. Првиот натпревар го пропуштив, бев повреден, но горе-долу е истиот состав. Нас ќе ни фали Енис Барди. Мислам дека не очекува иста Словенија, но ние мора да одиграме на ниво за да победиме“, вели Спировски.

Тој е еден од фудбалерите кои би требало да го заменат повредениот Барди во средниот ред и организацијата на нападите.

GOLD
To Top