Новости

Фудбал

Спортскиот директор на ПСЖ потврди дека една ѕвезда на клубот си заминува на лето

Спортскиот директор на ПСЖ, Антеро Енрике во интервју за „Јаху Франс“ потврди дека една од ѕвездите на клубот ќе си замине по крајот на оваа сезона.

Станува збор за перспективниот играч од средниот ред, Адриен Рабио кој и официјално нема да потпише нов договор со ПСЖ.

-Во овој момент не постои можност да го продолжи договорот. Тоа е одлука донесена од клубот по средбата што ја имав со играчот.  Рабио ме информираше дека нема да потпише нов договор и дека сака да си замине од клубот како слободен агент на крајот на сезоната. За играчот ова ќе има една јасна последица: ќе остане на клупата за резервни играчи во слендиот период- коментираше Антеро Енрике.

GOLD
To Top