Новости

Фудбал

Стариџ донесе одлука – го напушта Ливерпул

Даниел Стариџ и Ливерпул ќе се разделат по завршувањето на сеозната, пренесуваат англиските медиуми.

Договорот на 29-годишниот напаѓач со Ливерпул истекува на крајот на сезоната, па Стариџ ќе може да го напушти „Енфилд“ како слободен агент.

Стариџ оваа сезона не добива голема минутажа кај Јирген Клоп, а со оглед на фактот што често се мачи со повреди, раководството на „црвените“ одлучи да не му понуди нов договор.

Стариџ е атрактивен за многу европски клубови особено поради фактот што ќе биде слободен агент, но во Англија се зборува дека во моментов најблиску до потпишување договор со него е шпански Бетис.

Во Бетис се убедени дека со своите квалитети и искуство Стариџ би бил иделано засилување за нападот, но сепак ќе треба да се изборат со конуренцијата.

Интерес за Стариџ покажуваат неколку клубови од Премиер лигата, а тој се уште не ја донел конечната одлука каде ќе ја продолжи кариерата.

GOLD
To Top