Новости

Фудбал

Темелковски: Бевме брзотлети можевме да славиме и поубедливо

По победата од 28-24 во првиот натпревар од третото коло на Челинџ Купот, Илија Темелковски е само половично задоволен од изданието на екипата.

„Жалам што не извојуавме поубедлива победа, бидејќи имавме напад за +6, избрзавме и примивме гол во последната секунда. Мора да бидеме поконцентрирани во вакви ситуации и не треба да грешиме на очигледен начин. Но, сега знаеме како игра Гранитас, знаеме дека нивните бекови шутираат од сите позиции, а ние ќе бидеме посилни и за Крстевски, кој денес не можеше да настапи. Во вториот дел го повлеков Мсквилидзе, игравме без левак, бидејќи противникот дејствуваше брзо и ми беше потребен ракометар кој може да игра во два правци. Сепак, не сум песимист, не очајуваме, верувам дека со добра пристап можеме да славиме и во Литванија“, смета искусниот тренер.

Реваншот се игра следната сабота во Каунас.

GOLD
To Top