Новости

Фудбал

Тотенхем го сруши клупскиот рекорд со потписот на Санчез

Тотенхем го направи најскапото купување во историјата на клубот. Лондонците официјално го привлекоа Дејвисон Санчез од Ајакс за 42 милиони фунти. Клубот го потврди трансферот, а пред да биде финализиран, централниот дефанзивец мораше да помине лекарски прегледи и да добие работна виза.

21-годишниот Колумбиец се договори си Тотенхем и ќе потпише шестгодишен договор со клубот. „Многу сум возбуден што ќе потпишем со таков познат клуб како Тотенхем. Со нетрпение очекувам да работам со Марицио Почетино и со играчите. Сакам да му се заблагодарам на тренерот, раководството, играчите и навивачите на Ајакс”, рече Санчез.

Зделката е рекордна за Тотенхем, ја надминува досега најголема за купување на играч, која беше пред 12 месеци, кога клубот го привлече Муса Сисоко од Њукасл за 30 милиони. Претходно во текот на денот, Почетино рече дека сака четири нови засилувања, а Санчез ова лето беше прва „принова“ на тимот од Лондон.

GOLD
To Top