Новости

Фудбал

Тоти призна: Сакав да го повредам Балотели

Франческо Тоти веќе година дена е надвор од терените, легендарниот капитен на Рома во интервју за „Ла Република“ прозборе за инцидентот во 2010 година.

Франческо Тоти во мај 2010 година заработи исклучување во поразот на Рома од Интер со нога го удри тогашниот фудбалер на „неоаѕурите“ Марио Балотели.

Од денешна преспектива за Тоти потегот е ужасен, но бројните навреди од страна на Балотели биле пресудни.

„Удирањето на Балотели? Провоцираше со години. Ме навредуваше мене и фановите на Рома, едноставно експлодирав…Фаулот беше ужасен, но едниствена цел ми беше да го повредам. Навистина чудно, но никој од играчите на Интер не ме нападна по ударот“, се присетува Тоти.

GOLD
SN Finansii
To Top