Новости

Фудбал

Трагедија во Франција: Убиен фудбалер на Сент Етјен

Француските медиуми пишуваат дека младиот дефанзивец на Сент Етјен, Вилијам Гомис бил убиен во неделата.

Уште не се познати причините за убиството на 19-годишниот играч, но некои медиуми ја пренесоа изјавата на поранешен скаут на францускиот клуб, Мохамед Аит-Хиде, кој кажа дека играчот бил застрелан.

Гомис досега нема заиграно за првиот тим на Сент Етјен, меѓутоа одигра 18 натпревари за Б-тимот во минатата сезона.

Уште нема никаква реакција од страна на францускиот клуб по големата трагедија која се случи.

GOLD
To Top