Новости

Фудбал

Трет играч на премиерлигаш позитивен на коронавирус!

Фудбалскиот клуб Брајтон објави дека трет негов член е тестиран позитивен на коронавирусот. Директорот на клубот Пол Барбер, објави дека по месец март кога беше првиот случај потврден во клубот, ова е трет член на првиот тим кој има позитивен тест и покрај следењето на сите препораки и мерки. „Ова е загрижувачко. И покрај тоа што ги преземаме сите мерки за безбедност на играчите, тие не беа вклучени во скоро никакви активности, сепак забележуваме нов случај помеѓу играчите.“ – изјави Барбер. Според Барбер, чиј клуб е еден од најгласните противници за доигрување на сезоната на неутрални терени, првична цел треба да биде пронаоѓање на начин како фудбалерите да се вратат на нормалните тренинзи, па потоа да се размислува за продолжување на тековната сезона.

GOLD
To Top