Новости

Фудбал

УЕФА вети помош за развој на младинскиот фудбал во Македонија

Европската куќа на фудбалот ќе и додели на Фудбалската Федерација на Македонија солидна финансиска сума која ќе биде употребена за развој на младинскиот фудбал.

Станува збор за 400.000 евра кои ќе бидат поделени меѓу клубовите од сите конкуренции што ги исполнуваат основните критериуми. Од „Солидарниот фонд“ ќе бидат обезбедени опрема и реквизити за тренининг а одредена сума ќе се искористи за покривање на превозот.

Денеска претставниците на клубовите имаа состанок со челниците на ФФМ, со претседателот Илчо Ѓорѓиоски и генералниот секретар Филип Поповски.

Евротип
Евротип
To Top