И годинава фановите на фудбалот и фудбалските новинари од Европа ќе гласаат за најдобриот напаѓач, фудбалер од средниот ред, одбранбен фудбалер и голман.

Номинирани за титулата најдобар напаѓач на ЛШ се асот на европскиот шампион Ливерпул Садио Мане и светските ѕвезди Лионел Меси и Кристијано Роналдо иако со своите тимови не успеаја да се изборат за пласман во големото финале.

Најдобриот фудбалер од средниот ред ќе се „бара“ меѓу номинираните Џордан Хендерсон од Ливерпул, Кристијан Ларсен од Тотенхем  и младиот Френки де Јонхг од Ајакс.

Тројцата најдобри одбранбени фудбалери во Лигата на шампионите за сезоната 2018 -2019 се Вирџил ван Дајк и Александер Арнолд од Ливерпул и Матајс де Лихт од Ајакс.

За трофејот најдобар голман пак УЕФА ги номинираше, чуварот на мрежата на шампионот Ливерпул, Алисон Бекер, Иго Љорис од Тотенхем и голманот на Барселона Тер Штеген.

Најдобрите фудбалери во Лигата на шампионите за изминатата сезона ќе бидат избрани на гала свеченост во Монако на 25 август , кога ќе се одржи и ждрепката за составите на групите во елитната Лига на шампионите.