Новости

Фудбал

УЕФА ги објави премиите за следното Европско првенство

Помеѓу 31,5 и 34 милиони евра ќе освои следниот европски фудбалски шампион. УЕФА денеска објави рекордно зголемување на наградниот фонд за шампионатот во 2020 година, кој ќе се одржи во 12 земји.

Toа ќе биде второто европско првенство по зголемувањето на учесниците од 16 на 24. Првото беше во Франција во 2016 година, кога Португалија неочекувано стапна на европскиот врв по победа против домаќините во финалето. Насловот им донесе на Иберијците 25,5 од максималните 27 милиони од наградниот фонд.

Вкупниот награден фонд на Евро 2020 ќе биде 371 милиони евра. Ова е за 23% повеќе од парите што се дадени пред две години во Франција.

Евротип
Евротип
To Top