Новости

Фудбал

УЕФА даде дозвола: Панчев и Најдоски утре ќе маршираат на Маракана

Црвена Звезда по 27 години успеа да се пласира во групната фаза од Лигата на шампионите. Ова е најголем успех по славната 1990/91 година кога го освои ова натпреварување кое тогаш го носеше името Куп на Европскит Шампиони (КЕШ).

УЕФА денес даде дозвола шампионот на Србија на теренот на Маракан во пресрет на почетокот на мечот  против Наполи да се појават фудбалерите од шампионската генерација на „црвено-црните“. во која се ноаѓаа нашите Дарко Панчев и Илија Најдоски.

„Шампионскиот тим на Црвена Звезда утре ќе излезе на Маракана и ќе помине почесен круг во 20 часот откако беше добиено одобрување од УЕФА. Затоа ја повикуваме публиката на време да ги зазеде своите места на трибините и да ја поздрави шампионската екипа од Бари“ објави Црвена Звезда.

 

 

 

 

 

 

Извор: спортклуб

Евротип
Евротип
To Top