Новости

Фудбал

УЕФА отвори истрага поради непристојното однесување на Симеоне

Атлетико Мадрид славеше голема победа над Јувентус на првиот осмина-финален натпревар во Лигата на шампионите, а првиот гол на мадридската екипа Симеоне го прослави прилично „бурно“.

Аргентинецот при прославата имаше непристојна гестикулација допирајќи го меѓуножјето, а поради тоа УЕФА отвори дисциплинска постапка.

„Сите знаете дека не барам изговори и оправдување. Сакам уште еднаш да се извинам на сите кои се почувствуваа навредени од мојот гест“, изјави Диего Симеоне.

УЕФА сега ќе го истражи целиот случај, а засега не е објавен датумот кога ќе биде донесена одлуката, ниту тоа со каква казна би можел да се соочи тренерот на Атлетико Мадрид.

GOLD
To Top