Новости

Фудбал

УЕФА повторно ја отвори истрагата за трошењето на ПСЖ

УЕФА повторно ќе го истражува финансирањето и трошењето на Пари Сен Жермен. Во јуни францускиот шампион првично беше ослободен од обвинувањата за прекршување на финансискиот фер-плеј, но и тогаш УЕФА нагласи дека постои можност одлуката да биде ревидирана.

Сега, телото на ФИФА за котрола на финансиското работење на клубовите го става случајот на повторно разгледување.

Финансискиот фер-плеј подразбира клубовите да имаат трошење соодветно со заработката.

Проблемите на ПСЖ се појавија кога во 2017 година клубот го купи Нејмар за рекордни 222 милиони евра, а летово го плати и Килијан Мбапе огромни 180 милиони евра откако францускиот репрезентативец мина една сезона меѓу „светците“ како позајмен играч од Монако.

Евротип
Евротип
To Top