Новости

Фудбал

УЕФА подготвува поголема санкција за Скендербег

Претседателот на фудбалскиот клуб Скендербег, рекол дека е „целосно збунет“ од информациите дека УЕФА може да му изрече дополнителна казна на клубот поради местење на натпревари.

Скендербег доби едногодишна суспензија за настап во европските купови, но претседателот на Дисциплинската комисија на УЕФА, Емилио Гарсија, рекол дека суспензијата била „прелиминарна“ и дека ова тело започнало да ги разгледува „вистинските дисциплински мерки“.

„Воопшто не сме известени дека такво нешто може да се случи. Верувавме дека нашиот случај е завршен со изречената суспензија“, рекол претседателот на Скендербег, Ардијан Такај.

УЕФА го суспендира Скендербег откако прибави докази за нерегуларно шаблонско обложување на четири натпревари кои овој клуб ги играше во квалификациите во Лигата на шампионите. Клубот е обвинет и за местење на околу 50 првенствени натпревари од 2011 година.

Скендербег во тековното првенство е втор на табелата и има големи шанси повотрно да се пласира во квалификациите за Лигата на шампионите.

GOLD
To Top