Новости

Фудбал

Управата на Манчестер Јунајтед донела конечна одлука за Солскјер, познато кога ќе биде соопштена

Неколку англиски медиуми пишуваат дека од управата на Манчестер Јунајтед конечно донеле одлука за иднината на Оле Гунар Солскјер во клубот.

Се верува дека повеќе нема дилеми и дека Норвежанецот наскоро ќе биде назначен за перманентен предводник на „Црвените ѓаволи“. Тоа се очекува да биде за време на репрезентативната пауза кога ќе биде презентиран договорот под кој Оле ќе работи на „Олд Трафорд“.

Беше омилен како фудбалер меѓу фановите, сега е омилен и како тренер, па се освен негово перманентно назначување ќе беше сметано за големо изненадување најмногу поради фактот што Солскјер има неверојатен учинок по неговото седнување на клупата на Манчестер Јунајтед.

„Ѓаволите“ под негово водство победиле на 14 натпревари, ремизирале само два пати, а исто толку пати ја почувствувале и горчината на поразот.

Елиминацијата на ПСЖ од Лигата на шампионите била клучниот момент во носењето на конечната одлука околу неговиот постојан ангажман.

GOLD
To Top