Новости

Фудбал

Уште еден премиерлигашки клуб добива нови сопственици?

Американска компанија е во преговори за купување на мнозинството акции од фудбалскиот клуб Саутемптон, чиј сопственик Гао Жиншенг поседува 80% од акциите. Кинескиот сопственик го стави клубот на продажба на почетокот на годинава, а покрај неколкуте заинтересирани страни, американската компанија која не е именувана пројави најголем интерес. Сепак, според англиските медиуми, се чини дека процесот стагнира поради пандемијата со коронавирусот, па така двете страни се уште не се блиску до договор.

Според медиумите, акциите на Жиншенг во Саутемптон се проценуваат на вредност од околу 250 милиони фунти.

GOLD
To Top