Новости

Фудбал

Уште четири екипи обезбедија пласман во осминафиналето на ФА Купот

Уште четири екипи се пласираа во осминафиналната фаза на ФА Купот. Синоќа се одиграа репризите од 4-тото коло на турнирот, по кои станаа јасни имињата на тимовите кои продолжуваат понатаму – Вулверхемптон, Њупорт, Квинс Парк Ренџерс и Брентфорд.

Најинтересниот судир беше помеѓу Вулверхемптон и Шресбери. „Волците“ запишаа драматична победа од 3:2 и се пласираа во следната фаза. Мет Доерти (2 и 45) и Иван Кавалеро се запиша за домаќините на „Молину“, додека Џејмс Болтон (11) и Џош Лорен (39) ги постигнаа двата погодоци за гостите.

Изненадувањето дојде од составот на Њупорт, кој го елинираше Мидлсборо. Тимот од Лига 2 победи со 2:0 и го згорчи животот на Тони Пулис и компанија.

Продолжува напред и Квинс Парк Ренџерс, кој победи со 2:0 над Портсмут. Брентфорд пак го елиминираше Барнет по победата од 3:1.

Утре е последниот натпревар од оваа фаза на турнирот. Вест Бромвич и Брајтон ќе излезат повторно едни против други. Првиот натпревар помеѓу нив заврши со 0:0

GOLD
To Top