Новости

Фудбал

У-17: Полска подобра од нашите надежи – судијата поништи чист гол

Фудбалската селекција на Македонија до 17 години го доживеа и вториот  пораз на квалификацискиот турнир од елитната фаза што се игра во Полска. Овојпат нашите надежи загубија од домашната селекција со 3-0.

Ако со Ирците, Македонија загуби по очајните 12 минути во вториот дел (мечевите се играат двапати по 40 минути), овојпат за вториот пораз и шансата да се остане во игра за ЕП најголем виновник е луксембуршкиот судија Кристоф Пирес му помогна на домаќинот Полска во моменти кога резултатот беше почетен и кој знае каков ќе беше текот ако избраниците на Горан Станиќ поведоа

Македонија и со реми можеше да остане во игра за пласман на ЕП, затоа што првите две селекции обезбедуваа пласман на континентланиот собир на најмладите таленти, но Патрик денеска нелогично поништи чист гол за Македонија и тоа во средината на првиот дел.

Стрелци на головите за Полска беа Жук, Бида и Ришер.

GOLD
To Top