Новости

Фудбал

ФИФА ќе отвори истрага за трансферот на Погба

Светската фудбалска федерација (ФИФА) отворила истрага по повод трансферот на Пол Погба во Манчестер Јунајтед. Францускиот репрезентативец, минатото лето, се врати на „Олд Трафорд“ за рекорден трансфер, кој изнесуваше 106 милиони евра.

Агенцијата АФП пишува дека ФИФА истрагата ја започнала поради наводен конфликт на интереси, на фудбалскиот менаџер Мино Рајола.

Рајола ги застапува Златан Ибрахимовиќ и Хенрик Мхитаријан, двајца играчи кои исто така минатото лето се преселија на „Олд Трафорд“.

Погба во Јунајтед има неделна плата од 165.000 фунти, а на почетокот на 2018 година ќе добие дополнителни 3,4 милиони евра.

Евротип
SNBROKER
To Top