Новости

Фудбал

ФК Победа поразена од Ренова

После поразите од Силекс и Скопје, вчера пораз и од Ренова за црвено белите.

Конечниот резултат на семафорот 2:1 за екипата од Тетово, која со овие три бода изби на 6-то место, а Победа остана во опасната зона на осмата позиција.

Со погодокот на Јусуфи во 44-та минута Ренова дојде до водство, а веќе во 45-та израмни Даноски.

Маркос во 69-та минута стрелаше за 2:1, што беше и конечен резултат на натпреварот.

Веќе во наредното коло Победа гостува кај Пелистер што ќе биде директен дуел за избегнување на последните две позиции на табелата кои носат во понизок ранг на натпреварување.

Битолчани имаат и меч помалце во споредба со Победа, а денеска загубија од Шкендија со 0:6.

Покрај со Пелистер до крајот на сезоната Победа игра уште со: Вардар (дома), Шкупи (гости), Шкендија (дома), Академија Пандев (дома), Работнички (гости), Силекс (дома), Скопје (гости), Ренова (дома).

GOLD
SN Finansii
To Top