Новости

Фудбал

ФК Победа ја совлада Шкендија, Пелистер поразен од Скопје

Победа го совлада новит првак Шкендија со 2-1 и направи голем чекор напред за бегство од опасната зона на табелата која носи во амбисот. Вардар го совлада Силекс во Кратово со 0-2, а Скопје во пресметката за опстанок го декласира Пелистер и славеше со 4-0.

Ренова го доби дуелот со Академија Пандев со 2-1, а Работнички и Шкупи ремизираа (1-1) на арената „Филип Втори“.

Победа освои многу важни бодови во дуелот со Шкендија (2-1). Зоран Даноски во 40.минута го најави изненадувањето, но само четири минути подоцна возврати Бесарт Ибраими.

Сепак, Филип Најдовски во 80.минута постигна победнички погодок за прилепскиот тим.

Вардар ја прекина негативната серија и славеше со 0-2 против Силекс во Кратово. Горан Попов во 15.минута со удар со глава го отвори резултатот, а Бесар Исени пет минути подоцна постигна и втор гол за „црвено-црните“, кои мечот го завршија со деветмина фудбалери, поради исклучувањата на Попов и на Блажевски.

Скопје го декласира Пелистер со 4-0. Ѓоко Алексовски од пенал уште во втората минута донесе водство, Кофи зголеми на 2-0, а до крајот на првиот Нји Оусеини постигна и трет гол за „пиратите“. Во второто полувреме, Гоце Тодоровски си постигна и автогол за целосен дебакл на Пелистер.

Работнички и Шкупи ремизираа 1-1 на арената „Филип Втори“. Виктор Ангелов во 13.минута искористи една грешка на одбраната на Шкупи и ги донесе романтичарите“ во водство, а возврати Ален Јашароски во 51.минута.

Ренова со 2-1 го совлада тимот на Академија Пандев. Ненад Мишковски и Валмир Нафиу обезбедија предност за Ренова, а Даниел Миловановиќ го постигна единствениот погодок за „пандевци“.

 

 

 

 

 

Извор: Екипа

GOLD
To Top