Новости

Прилеп инфо

ФОТО: Заврши турнирот во мал фудбал Свети Никола 2016

Заврши Светиниколскиот турнир во мал фудбал. Во финалето се сретнаа најдобрите, екипите на Фурна Златно Зрно и Македонија. Во преполната Арена Сонце, љубителите на фудбалот уживаа во одличен фудбал и многу акција.

„Заврши седмиот по ред Светиниколски турнир во мал фудбал, публиката имаше можност во финалето да погледне доста квалитетен фудбал. Во текот на изминативе денови можевме тука да видиме огромен број на мајстории на сите учесници на овој турнир. Практично со овој турнир Прилеп докажа дека е голем фудбалски град, ова станува една голема традиција и всушност ова е најголемиот турнир во мал фудбал кој се организира во Македонија“, посочи градоначалникот Марјан Ристески.

На турнирот првонаградената екипа доби 125.000 денари, второ пласираната 70.000 денари, трето пласираната 45.000 денари, а екипата која го освои четвртото место доби 20.000 денари.

Измина одлични две седници во ритамот на фудбалот. Одлична организација, добро подготвени екипи и пред се дружење го красеше и овогодинешниот турнир. Традицијата продолжува и наредната година, а како новитет годинава беа воведени и голем број на награди за публиката, кои тие ги добиваа со купените влезници.

Во продолжение следуваат резултатите:

РЕЗУЛТАТИ ОД 28.12.2016 СРЕДА

ФИНАЛЕ ВЕТЕРАНИ
АВТОКОНТРОЛ-ЗЛАТНА РАКА 1-1(4-5пенали)

ФИНАЛЕ ГЕНЕРАЦИЈА 2002
РУСТИКА-ОПШТИНА ДОЛНЕНИ 5-0

СЕНИОРИ ЗА 3 МЕСТО

ТОБАКО ДИСКОНТ РУНА МАК-ЦЕНТАР РУБИН ЗЛАТКО 4-0

СЕНИОРИ ФИНАЛЕ

ФУРНА ЗЛАТНО ЗРНО (РАДОВИШ)-МАКЕДОНИЈА 3-2

ПЛАСМАН
1.ФУРНА ЗЛАТНО ЗРНО
2.МАКЕДОНИЈА
3.ТОБАКО ДИСКОНТ РУНА МАК
4.ЦЕНТАР РУБИН ЗЛАТКО

НАЈДОБАР ГОЛМАН
СРКЕСКИ ХРИСТИЈАН(ТОБАКО ДИСКОНТ РУНА МАК)

НАЈДОБАР СТРЕЛЕЦ
ЛЕВКОВ (ФУРНА ЗЛАТНО ЗРНО)

НАЈДОБАР ИГРАЧ
САШКО ДИМОВ (ФУРНА ЗЛАТНО ЗРНО)

GOLD
To Top