Новости

Фудбал

ФОТО: Модриќ во Мадрид купи раскошна куќа за 12 милиони евра

Гласините за заминувањето на Лука Модриќ од Реал остануваат без основа, откако Хрватот во престижниот мадридски “Беверли Хилс“купи куќа за сума од 12 милиони евра. Се работи за елитниот кварт Мораљеха, каде порано живеел и Бекам, а сега овде куќи имаат Рамос, Марсело, Варан и Бензема.

Новата куќа на Модриќ има површина од 3000 м2 и двор од дури 7000 м2. Има девет спални, секоја со свое купатило, има соба за забава, соба за масажа, како и кино за 18 особи.

Модриќ има големо семејство. Женет е за Вана Босниќ, која е три години постара од Лука, а има и три деца – син Ивано и ќерки Ема и Софија.

 

 

Извор: dribling.mk

 

GOLD
To Top