Новости

Фудбал

ФОТО: Пелистер се подготвува за вечерашниот натпревар, Чкембарите во Познањ со силна поддршка

Со нови дресови, нова визија и желба за нови победи, ФК Пелистер вечерва во 20:45 часот ќе си ги одмери силите на „Инеа стадионот“ во Познаљ, Полска со тимот на Лех Познањ, во натпреварот од првото квалификационо коло на Лига Европа против Лех.

Синоќа во вечерниот термин го одржаа првиот официјален тренинг на стадионот „Инеа стадион“, додека денеска во 10 часот одржаа лесен тренинг на малиот терен во Лубин.

Но, пелистерци нема да бидат сами. Тие ќе имаат поддршка навивачи на навивачката група „Чкембари“ кои треба денеска да пристигнат во Познањ и да им дадат максимална поддршка на своите миленици за да извлечат што поповолен резултат.

 

GOLD
To Top