Новости

Фудбал

ФОТО: Фудбалерите на „Пелистер“ се чекираа во велешката болница

Фудбалерите на „Пелистер“ кои утрово тргнаа за Скопје каде требаше да го одиграат натпреварот против Шкупи завршија во велешката општа болница.

По ручекот кој го имале во еден хотел во Велес, почнале да се жалат на тегобии и стомачни проблеми, по што околу четиринаесет фудбалери биле хоспитализирани во инфективното одделение во Велес.

Тие споделија и фотографија на социјалната мрежа „Фејзбук“ како примаат инфизии.

Натпреварот Шкупи – Пелистер е одложен.

 

 

 

 

 

 

Извор: Sport.mk

Евротип
SNBROKER
To Top