Новости

Фудбал

Фан на Челси сними видео кое јасно покажува дека Азар ќе си замине

Најдобриот играч на Челси, Еден Азар константно се поврзува со заминување од клубот и преселба во редовите на Реал Мадрид.

Белгиецот има уште една година од договорот со клубот од Лондон, и доколку не замине во летниот преоден рок, Челси ризикува да го изгуби играчот без оштета следната година.

Азар по натпреварот со Вотфорд со една реакција фрли „масло на огнот“ околу неговото можно заминување од клубот.

Имено, брзоногиот фудбалер беше запрен од еден фан на Челси кој од автомобилот му дофрлуваше да остане во клубот, на што Азар само кратко одмавна со главата.

https://twitter.com/picshazard/status/1125199249698848769

GOLD
To Top