Новости

Фудбал

Фенер поразен во Скопје, Вардар пред вратите на Лига Европа

Македонскиот фудбалски шампион Вардар со голема победа од 2:0 ќе патува на гостувањето во Истанбул во реванш мечот од плеј-оф колото во Лигата на Европа. Со голот на Барсегјан во 20. минута „црвено-црните“ поведоа со 1:0, а Топал со автогол во судиското надополнување му донесе на скопскиот тим уште поубедлива предност.

Под палката на новиот стратег Чеде Јаневски, македонскиот тим покажа смиреност и карактер иако гостите беа доминантни во сите 90 минути. Фенер имаше неколку чисти шанси за гол за израмнување, но не успеа да реализира.

Вардар сега треба добро да се подготви за реваншот по седум дена во Турција во кој влегува со голема предност.

Евротип
SNBROKER
To Top