Новости

Фудбал

Фирмино го стигна Џерард по бројот на голови во ЛШ

Фудбалерите на Ливерпул беа супериорни на вчерашното гостување кај Порто во првиот меч од првата елиминациска фаза во ЛШ и го совладаа домаќинот со 5-0.

На стадионот „Драгао“, англичаните имаа тотална доминација а еден од играчите што ја погоди домашната мрежа беше и Роберто Фирмињо. Бразилецот кој ден претходно доби пофалби од страна на тренерот, Јирген Клоп, успеа да погоди во 69 минута и да се изедначи со легендарниот, Стивен Жерард, по пројот на голови постигнати во една сезона во Лигата на шампионите.

Некогашниот капитен на „црвените“ и сегашниот напаѓач од јужна-америка, имаат постигнато по седум голови. Имајќи в предвид дека Ливерпул и понатаму ќе биде дел од елитата, јасно е дека Фирмињо има шанса да го надмине ефектот на Жерард.

GOLD
To Top