Новости

Фудбал

Флорентино Перез откри зошто го продаде Роналдо за 100 милиони и на две рати

Претседателот на Реал Мадрид, на дел од делегатите им ги открил мотивите за трансферот на Кристијано Роналдо во Јувентус, „Бјанконерите“ биле единствени кои понудиле 100 милиони евра.

Флорентино Перез се подготвува за генералното собрание, па претседателот на Реал Мадрид денеска се сретнал со дел од делегатите.

За време на состанокот, тој им објаснил зошто го продал Кристијано Роналдо, и тоа за далеку помала сума од онаа која беше наведена во откупната клаузула, која беше поставена на 1 милјарда евра. Јувентус на „Кралевите“ треба да им искешира 100 милиони евра и тоа на две рати.

„Клаузулите кои Реал Мадрид ги става во договорите на играчите не се за некој да ги плати тие суми, туку се за да ги одвратат другите од намерата да купат некој наш играч“ – рекол Флорентино Перез.

„Најскап трансфер оваа година беше оној на Кристијано Роналдо. Сакаше да замине поради лични причини, и кога се сложивме дека ова е најдобра опција за сите инволвирани страни, постигнавме договор. Никој не понуди повеќе од 100-те милиони на Јувентус. Не добивме многу понуди“.

„На Роналдо можеме само да му се заблагодариме за она што го има направено за клубот. Тој е најдобриот фудбалер по Алфредо Ди Стефано, и ова секогаш ќе биде негов дом“.

GOLD
To Top