Новости

Фудбал

Хаким Зијеш е нов фудбалер на Челзи!

Челзи веќе го обезбеди своето првото мега засилување за следната сезона. Станува збор за 26-годишниот Хаким Зиеш, откако денеска е потврдено дека Челзи и Ајакс постигнале договор за трансфер на мароканскиот фудбалер. Минатата сезона 26-годишниот Зијеш потпиша нов договор со Ајакс до 2022-та.  Мароканецот имаше одлична мината сезона во која му донесе двојна титула во домашното првенство со постигнати 21 погодоци и асистираше дури 24 пати во 49 натпревари. Мароканецот и минатото лето беше поврзуван со заминување, но тогаш покажа лојалност кон Ајакс и реши да остане во овој клуб.

Сега Челзи за релативно мало обештетување се спомнува сума 45 милиони евра го доби овој одличен млад фудбалер кој во последните сезони се наметна во Европа. Тој на тимот на Лампард ќе му се приклучи на крајот од оваа сезона.

GOLD
To Top