Новости

Фудбал

Хамбургер му врачи отказ на тренерот Гисдол

Германскиот бундеслигаш Хамбургер денес објави дека Маркус Гисдол веќе нема да го води тимот.

Причината е лошите резултати и серијата од шест последователни натпревари без победа. Вчера беше забележан уште еден пораз и тоа дома од Келн со 0-2. Затоа утрово имаше итен состанок на раководството на Хамбургер, каде било одлучено 48-годишниот тренер д адобие отказ.

Гисдол беше на чело на Хамбрургер од септември 2016 година. Под него водство, тимот забележа 16 победи и 10 нерешени во 52 натпревари. Хамбургер е моментално предпоследен на табелата со 15 поени, на пет бодови од безбедната зона за опстанок во Бундеслигата.

GOLD
To Top