Новости

Фудбал

Хамшик им се извини на фановите на Наполи по поразот од Јуве

Фудбалерите на Наполи загубија на домашен терен од Јувентус со 1 спрема 0 во дербито на Серија A.

Поразот за домаќинот е прв во тековнава сезона и дојде токму од директниот конкурент во битката за Скудетото. Интернационалецот во редовите на Наполи, Марек Хамшик, потенцира дека загубената битка со „старата дама“ не смее да го демотивира неговиот тим од амбициите за првото место и освојување на титулата.

„Искрено, жал ми е за навивачите. Ни дадоа огромна поддршка. Загубивме, но се надевам дека не ги разочаравме премногу. Наполи беше тимот што доминираше во текот на целиот меч. Јувентус постигна гол и потоа се бранеше со сите сили“, изјави Хамшик.

GOLD
To Top